Еден од најпознатите македонски навивачи, Горан Кипријановски, се чекира во Краков, Полска. Популарниот Кипре веќе со децении е дел од сите големи спортски натпреварувања на кои игра македонска репрезентација или некој наш клупски колектив, па не е ни чудно што веќе е во градот домаќин на светското првенство во ракомет на кое ќе игра и Македонија.
„Засега е тивко во Краков. Времето е пријатно, околу три степени. Очекувам утре и задутре да пристигнат голем број македонски навивачи и да биде направена препознатливата атмосфера секогаш кога игра нашата репрезентација“, беше пораката на Кипријановски од Краков.
Според проценките, за првиот меч на Македонија против Норвешка в петок на трибините се очекува да има околу 800 навивачи во црвена и жолта комбинација.