Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го одреди конечниот список на играчи кои ќе бидат дел од Светското првенство во Полска и Шведска. Македонија ќе игра во Краков, во група со Норвешка, Холандија и Аргентина, а по денешниот последен тренинг пред патувањето за Полска, Лазарoв ги реши сите дилеми.
Од составот отпаднаа Марко Кизиќ, Цветан Кузманоски и Давид Савревски, кои иако не се на списокот, сепак тие ќе бидат на готовс доколку бидат потребни. Боите на Македонија на Мундијалот 2023 ќе ги бранат:
ГОЛМАНИ Никола Митревски (Порто) Мартин Томовски (Вардар)
Леви крила: Дејан Манасков (Вардар) Петар Атанасијевиќ (Е. Пелистер 2)
Леви бекови: Филип Талески (Вардар) Иван Џонов (Т. Пролет)
Среден бек: Филип Кузмановски (Хановер) Игор Ѓоргиев (Алкалоид) Павле Атанасијевиќ (Е. Пелистер)
Десен бек: Томислав Јагуриновски (Т. Пролет) Мартин Серафимов (Алкалоид)
Десно крило: Гоце Георгиевски (Вардар) Ненад Костески (Е. Пелистер)
Пикери: Никола Маркоски (Алкалоид) Жарко Пешевски (Е. Пелистер) Марко Стојковиќ (Алкалоид) Костадин Петров (Тор)
Дефанзивец: Михајло Младеновиќ (Алкалоид)