Ник Кирјос ќе игра во полуфиналето на АТП-турнирот во Акапулко, го надигра Станислас Вавринка, но повторно имаше испади кои се некарактеристични за тениската игра и повторно се расправаше со публиката.
„Што се случува со овие е*ени луѓе. Ми крварат рацете, што повеќе сакате од мене. Е*ете се“, викаше Австралиецот при еден тајмаут.
Тоа му се случуваше и на претходниот меч со Рафаел Надал, кога по мечот, со гест ја провоцираше публиката да му упати уште посилни свирежи.
Во полуфиналето на турнирот Ник ќе игра со одличниот сервер Џон Иснер, а во второто полуфинале ќе играат Нори и Зверев.