Ник Кирјос ноќеска го совлада Лоренцо Сонего со 2-0 во сетови (7-5, 6-4) во првото коло на АТП Мастерс 1000 турнирот во Синсинати. Австралискиот тенисер рутински ја оствари победата против 47-рангираниот Италијанец и е сè поблиску до дуел против неговиот „непријател“ Новак Ѓоковиќ.
Ждрепката на турнирот во Синсинати е наместена така што Кирјос и Ѓоковиќ би можеле да се сретнат во четврт-финалето доколку работите дотогаш се одвиваат според плановите. На првиот светски рекет му следува дуел против Кереј, а доколку триумфира и потоа биде поуспешен во средбата против подобриот од Карено-Буста и Иснер, Ѓоковиќ ќе го чека Кирјос да ги помине неговите пречки.
Кирјос претходно во неколку наврати истакна дека не е фан на најдобриот тенисер во моментов. Австралиецот без влакна на јазикот неколкупати јавно го навредуваше Ѓоковиќ, а сега има прилика токму против „непријателот“ да обезбеди висок пласман на турнирот во Синсинати.