28.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Кирјос смисли нова глупост, му го покажа задникот на Медведев (Видео)

Ник Кирјос успеа да го победи Данил Медведев на турнирот во Рим, но повторно смисли глупост и во еден момент и во тек на играта му го покажа задникот на противникот.

Најпрво во излив на нервоза, што е честа појава кај инаку мошне талентираниот Австралиец, го испрати топчето преку трибините, а потоа смисли нова глупост.

Сепак на крајот славеше со 2:1 во сетови и ќе игра во 1/16-финалето на турнирот од Мастерс серијата во Рим.

Потегот на Кирјос погледнете го ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести