Бока јуниорс и Ројал пари ќе се мачат на високо

ЛДУ Кито – Бока јуниорс (Копа Либертадорес, 00.15 часот)

Голем е влогот во завршницата на Копа Либертадорес, а меѓу себе во едно од четврт-финалињата ќе играат поранешните шампиони.

Бока јуниорс со шест титули е втора најуспешна екипа на сите времиња во јужноамериканската Лига на шампиони, но последниот пехар им е освоен пред 12 лета, во 2007 година.

Интересно е што потоа на тронот ги наследи токму ЛДУ Кито, освојуваќи ја единствената титула во Копа Либертадорес во својата клупска историја и тоа им е најголем успех.

Се знае дека мечевите во Кито на голема надморска височина од 2.850 метри се секогаш проблем за гостинските екипи, но и тие веќе се навикнуваат на играње фудбал во услови кога возудхот е поразреден од вообичаеното ниво.

И двете екипи немаа проблеми со повредени играчи, за Бока се очекува во Копа Либертадорес да дебитира Даниеле де Роси, кој веќе играше на два меча за аргентинскиот гигант.

И двете екипи тешко примаат голови, ЛДУ Кито е непоразен на свој терен на 9 меча по ред, па ќе типуваме дека првиот гол нема да падне во првиот поливина час.

Предлог тип: Време на прв гол од 30-90 минута (1.73)

 

Фламенго – Интернасионал (Копа Либертадорес, 02.30 часот)

Втората бразилска пресметка во четврт-финалето ќе почне ноќеска на легендарната „Маракана“, а ноќеска Палмеирас веќе заврши голем дел од работата со победа од 1:0 против Гремио на гости.

Бразил секако ќе има финалист во Копа Либертадорес, бидејќи во долниот дел од ждрепката има 4 екипи од најтрофејната фудбалска земја.

На последните пет меѓусебни пресметки, Фламенго и Интернасионал си победуваа на домашен терен, па и пред овој меч фаворит за победа е Фламенго, кој ќе игра пред своја публика.

Интересно е што пресметката ќе биде меѓу најефикасниот напад во бразилскиот фудбал во моментов, тој на Фламенго против четвртата најцврста одбрана на Интернасионал.

Триото Габриел, Енрике и Де Араскаета ќе го предводат опасниот напад на домашниот тим против одличната дефанзива на Интернасионал, што ја предводат Јаго, Куеста и Моледо. Таа битка би требало да биде клучна за исходот на првиот дуел од бразилскиот двомеч, а ќе типуваме дека одбраната на тимот од Порто Алегре ќе издржи над половина час од стартот на мечот без примен гол.

Предлог тип: Време на прв гол од 30-90 минута (1.83)

 

Реал Потоси – Ројал Пари (Боливија, 02 часот)

Ако играњето во Кито е проблем, тогаш во Потоси на 3.960 метри надморска височина е речиси и невозможно да се игра фудбал, но Реал таму го изгради стадионот „Виктор Аугустин Угарте“ и најчесто нема проблем со ривалите, поради предноста што му ја даваат неприродните услови за фудбал.

Имаат солидна традиција и клубот постои околу 80 години, а навивачите им се одлични. Капацитетот на стадионот е 32 илјади гледачи и честопати е полн.

Ројал Пари е релативно нов клуб, формиран во 2002 година и има само еден пехар, откако во 2017 година го крена трофејот „Симон Боливар“. Сезонава ја почнаа скромно, исто како и Реал Потоси, па ова ќе биде битка за бодови кои носат поспокојно продолжение на шампионатот.

Предлог тип: 1&3+ (1.65)

 

Атлетико Паранаенсе – Сао Пауло (Бразил, 00.15 часот)

На последните два меѓусебни дуели меѓу Атлетико и Сао Пауло имаше само еден гол за 180 минути, но затоа претходните дуели им беа многу ефикасни.

Сао Пауло доаѓа со серија од три меча без пораз како гостин и со големото засилување Дани Алвеш. Еден од најтрофејните фудбалери на сите времиња имаше деби од соништата и со гол му донесе победа на својот нов клуб против Сеара.

Амбициите на Сао Пауло пораснаа, па дури сè почесто се споменува и атак на титулата. Не се далеку од врвот, заостануваат само пет бода зад лидерот Сантош, а за да има реална основа за вклучување во битката за трофејот во домашното првенство, треба да се победуваат екипи од калибарот на Атлетико Паранаенсе.

Домаќините сè уште жалат за елиминацијата од Бока јуниорс во Копа Либертадорес, но мора брзо да се вратат во победнички колосек и да се приклучат кон горниот дом. Имаат четири победи на последните пет меча, но сега ги чека вистински испит против Сао Пауло.

Предлог тип: Време на прв гол 30-90 минута (1.82)

 

Лос Анџелес ФЦ – Сан Хозе ртквејкс (МЛС, 04.30 часот)

Лос Анџелес убедливо е најдобрата екипа во моментов во МЛС според игрите, но и според бодовната залиха. Имаат убедлива предност на врвот на Западната конференција од 16 бодови пред Минесота и 17 пред големиот ривал Лос Анџелес галакси.

Вела и Роси се немилосрдни стелци и досега заедно дури 37 пати погодуваа и убедливо се најдобриот напаѓачки тандем во северноамериканската лига.

Лос Анџелес има посебно добар меѓусебен биланс со Сан Хозе, го победија четирипати во четити дуели, а гол-разликата е 14:4.

И ноќеска се очекува ефикасен меч, а бодовите многу повеќе им требаат на гостите, кои се борат за место во плејфот, но проблем им е што досега немаа рецепт за победа против лидерот.

Предлог тип: 1&0-29 (2.22)

 

 

- Оглас -

Најнови вести