Киву објасни зошто Интер не успеа да го победи мексиканскиот ривал

Кристијан Киву со нерешен резултат 1:1 против Монтереј од Мексико дебитираше на клупата на Интер. Романскиот стратег ја презеде тренерската палка во Интер откако си замина Симоне Инѕаги.

За Интер ова беше прв меч по финалето во Лигата на шампионите кога претрпеа историски дебакл и загубија со 5:0 од Пари Сен Жермен, што е најтежок пораз во историјата на елитното натпреварување.

Киву објасни дека тимот не бил доволно ефикасен против Монтереј и затоа не стигнале до планираната победа.

„Дадовме сѐ од себе, но требаше да бидеме поефикасни пред голот на противникот. „Првото полувреме беше позитивно – иако први примивме гол. Им предизвикавме проблеми на противниците со нашето движење и ротации. По паузата, бевме малку побавни во поседот на топката, иако повторно имавме шанси. Она што ни недостасуваше беше ефикасност пред голот. Неколку пати нè фатија во транзиција, каде што беа особено силни. Требаше да ја движиме топката побрзо и со поголема брзина, но играчите дадоа сè од себе. Мора да се обидеме да бидеме уште подобри на следните натпревари“, рече Киву.

- Оглас -

Најнови вести