7.8 C
Skopje
недела, 7 декември 2025

Киву по триумфот од 4-0: „Можевме и подобро“

Tренерот на Интер, Кристијан Киву, остана умерен во својата оценка и покрај убедливата победа од 4-0 против Комо, истакнувајќи дека тимот имал потенцијал да одигра уште посилен натпревар. Пред мечот, Нераѕурите имаа само три поени повеќе од составот на Цеск Фабрегас, но разликата во квалитетот на двата тима јасно се покажа на теренот.

„Сметам дека можевме да се справиме и подобро. Во првото полувреме делувавме премногу брзо и вложивме многу енергија во пресингот. Покажавме агресија и во одредени моменти добар квалитет, а најважно е што стигнавме до триумфот и освоивме три бода“, изјави Киву.

„Сакавме да разигруваме порационално. Кога противникот воведува пресинг, топката мора да се движи брзо за да се најдат правилните решенија. Ни недостасуваше смиреност во одредени ситуации, но во второто полувреме тоа се подобри“, заклучи тренерот на Интер.

- Оглас -

Најнови вести