Тренерот на Интер, Кристијан Киву, го изрази своето незадоволство од досудениот пенал во корист на Ливерпул во самиот финиш на натпреварот од Лигата на шампионите, кој заврши со минимален триумф (0-1) на Црвените.
Во 87-мата минута, судијата Феликс Цвајер покажа на белата точка по прегледувањето на ситуацијата со ВАР. Причината беше прекршок на Алесандро Бастони, кој го повлече дресот на Флоријан Вирц во шеснаесетникот, а Доминик Собослаи го реализира досудениот пенал.
„Ретко ги коментирам судиските одлуки. Говорам за почит и за тоа што треба да ги учиме луѓето, особено во Лигата на шампионите. Судијата беше во одлична позиција, ја виде целата ситуација и процени дека нема пенал“, изјави Киву.
„Кога ВАР се вмешува, мора да ја разбере динамиката на ситуацијата. Должни сме да ги прифаќаме одлуките на арбитрите и да се учиме да се спротивставуваме на неправдите, да пристапуваме повнимателно кон вакви моменти и да се концентрираме на добрите работи што можеме да ги правиме“, додаде романскиот стратег.

