Кизиќ пред Франција: „Не треба да ги прецениме, ќе играме на победа“

Ракометната репрезентација на Македонија во сабота го игра последниот натпревар од главната рунда на Светското првенство во Вараждин, а противник ни е моќната Франција. Сепак, младиот голман на репрезентацијата, Марко Кизиќ, најавува дека нема предавање и Франција не треба да се преценува.

„Ни следи дуел против Франција, за која не треба да се трошат премногу зборови, сите знаеме кои се и што се. Треба да уживаме на тој натпревар, не треба да ги прецениме Французите и треба да играме за победа. Ни недостига атмосферата од првите натпревари, но разбирливо е дека долго е првенството. Многу ни значи поддршката од тие што сè уште се тука и другите што нè поддржуваат пред малите екрани, ни даваат дополнителен мотив за да се бориме уште повеќе и да постигнеме подобри резултати. Очекуваме добар натпревар против Франција, да се бориме до крај, нема да се предадеме.“ – вели голманот Марко Кизиќ.

- Оглас -

Најнови вести