Џорџо Кјелини му објасни на Жорди Алба кој ќе игра во финалето по маратонскиот меч на „Вембли“ што го доби Италија против Шпанија на пенали со 4:2.
Првото полуфинале на Европското првенство беше драматично, а се играа 120 минути, плус и пенал-рулетот што го реши Жоржињо со прецизен удар во последната серија.
Кјелини и Алба како капитени на двете селекции бираа страна, а многу порасположен беше лидерот на Аѕурите, кој се обиде и да се пошегува со Алба, но играчот на Шпанија и на Барселона не ја прифати најдобро шегата.
Chiellini "bullying" Alba. Jordi doesn’t appreciate it from soccer
Во регуларниот дел и по продолженијата беше 1:1, со головите на Кјеза во 60-тата минута за Италија и на Мората за Шпанија во 80-тата минута.
Италија и Шпанија по десетти пат на Европските првенства или на Мундијалите одиграа меч што беше решен во пенал-рулет, што е рекорд во историјата на фудбалот.