Кјелини: На Бонучи му беше полесно да се пробие, поубав е од мене

Столбот на одбраната на Јувентус и италијанската репрезентација, Џорџо Кјелини, се пошегува на своја сметка во еден интернет подкаст.

„За мене беше тешко да се пробијам во елитниот фудбал. Само погледни ме како изгледам, немам ништо убаво на мене. Да не бев фудбалер, не знам дали ќе бев успешен во животот. Бонучи секогаш беше во предност, тој е поубав од мене“, рече Кјелини со шеговит тон.

Неговиот партнер од одбраната, Бонучи, раскажа дека за време на ЕП летоска автобусот го заборавил помошникот на Роберто Манчини, Џанлука Виали, и Италија победила со 3-0, па потоа од суеверие го повторувале истиот гест пред секој меч.

 

- Оглас -

Најнови вести