Кјелце ја продолжи доминацијата на домашен терен во дуелите со Вардар и вечерва славеше по петти пат во арената на легионерите.
Полскиот првак го декласира европскиот шампион со 35:25, што е тежок пораз за македнскиот тим. Вардар солидно се држеше во првото полувреме, иако постојано имаше негатива. По 30 минути игра Кјелце имаше предност од 17:14, разлика што потоа стаса до двоцифрена негатива за гостите.
Андреас Волф беше извонреден на голот на домаќините и имаше 13 одбрани, за разлика од вардаровите голмани кои бранеа скромно.
Каралек и Карачиќ беа најефикасни кај Кјелце со по пет голови, а прв стрелец на мечот беше Тимур Дибиров со 9 прецизни удари, пред Сташ Скубе со шест гола.