Кјелце спаси „жива глава“ во Париз

Победата од 34-24 за Кјелце во првиот четвртфинален дуел против ПСЖ се покажа како клучна, откако полската екипа денеска загуби во Париз со 35-26, но сепак се пласираше на фајнл-форот.

Избраниците на Талант Дујшебаев за малку ќе потфрлеа во мисијата „Ф4“, бидејќи во последните минути Светците имаа предност од +11 во своја корист, што ќе беше доволно да за пласман на завршницата во Келн. Сепак, голманот на гостите одбрани зицер, а во следниот напад Агинагалде да погоди пенал со кој Кјелце имаше предност со повеќе гостински погодоци.

На крајот, радоста е за Кјелце и со  убедливиот пораз од 35-26, па тие се третиот тим по Веспрем и Барселона кој си резервираше билет за Келн

Циндриќ со шест гола беше најефикасен за Кјелце, по четири постигнаа Кулеш, Јанц, Дујшебаев и Агинагалде. Ремили запиша 12 гола од 14 обиди за ПСЖ, додека по пет гола реализираа Генсхајмер и Абало.

Набрзо започнува последниот четвртфинален дуел, Вардар гостува кај Пик Сегед каде ќе треба да ја завери големата победа од 31-23 од Скопје.

- Оглас -

Најнови вести