Кјеза фудбалер на годината во Италија, Жоржињо не е ни во топ 5!

Федерико Кјеза, фудбалерот на Јувентус, ја доби наградата за најдобар играч во Италија за 2021 година. Изборот го направија навивачите со гласање на веб-страницата на Италијанската фудбалска федерација.

Кјеза има голема заслуга што Аѕурите станаа европски прваци и доби 46% од гласовите. Втор е Николо Барела од Интер со 20 проценти гласови, трет е Леонардо Спинацола од Рома со 14%.

Иако ги освои и Лигата на шампионите и ЕВРО 2020, натурализраниот Италијанец Жоржињо не се најде меѓу најдобрите петмина во својата земја. Пред него во топ 5 се најдоа и Џиџи Донарума и Лоренцо Инсиње.

Во гласањето за Златната топка на „Франс фудбал“, Жоржињо беше трети во Европа, а Кјеза го немаше на листата од 30 кандидати.

- Оглас -

Најнови вести