КК Чаир со реакција: Во моментот кога гледаат дека губат, лансираат невистини

Кошаркарскиот меч меѓу Чаир и МЗТ Скопје Аеродром во салата „Шабан Трстена“ беше прекинат на полувреме при резултат 44:42 за актуелниот првак на Македонија. Причина за прекинот беше одлуката на гостинските кошаркари да не се појават на теренот, затоа што, како што велат, биле нападнати додека заминувале кон соблекувалната на крајот од првиот дел. Според гостинскиот тим, неколку играчи и тренери биле удрени и затоа била одлуката, средбата да не продолжи.

Од таборот на КК Чаир, верзијата за настанот е сосема поинаква. Чаирчани преку соопштение дадоа свое видување на целата ситуација и мечот кој наместо да биде дерби, на крајот имаше неславен крај.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението од КК Чаир.

„Супер натпревар, блескава атмосфера, преполна спортска сала, една вечер која ке остане долго во нашите спомени, каде што уште еднаш се потврди дека Чаир е и ќе остане храм на спортот, ви БЛАГОДАРИМЕ од ❤️
👉🏻Што се однесува до вестите и лагите кои се шират во јавноста, ги демантираме потполно со доказ каде што целиот натпревар е сниман од сите агли од страна на многу медиуми и исто така од други камери. Претпоставениот „Инцидент” е измислен од противничкиот тим, каде што и секогаш, во моментот кога гледаат дека губат, лансират невистини. Са сите настани што се случуваа гарантираме дека во ниеден момент немаше физички контакт, како што го гарантиравме нивниот дочек, текот на натпреварот и нивното испраќање од спортската сала.🔥 ПРОДОЛЖУВАМЕ СИЛНО“

- Оглас -

Најнови вести