Кошаркарскиот клуб Партизан ја заврши потрагата по центар, изборот падна на Бруно Фернандо кој досега настапуваше во Реал Мадрид.
Фернандо кој е репрезентативец на Ангола, во Реал дојде минатата сезона, но не ги оправда очекувањата. Тој во НБА бил член на Атланта, Бостон, Хјустон и Торонто, а сезонава во дресот на Реал Мадрид имаше просек од 4,4 поени и 3,8 скока по меч.

Бруно утре треба да ги мине лекарските прегледи, по што ќе го облече црно-белиот дрес со бројот 24.

