18.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Класата е вечна: Луиш Фиго даде фантастичен гол (Видео)

Голем број фудбалски великани се собраа во Лисабон да одиграат меч од хуманитарен карактер. Повеќе од еден милион евра се собраа за загрозените луѓе во Португалија, но и во целиот свет.

Една од меѓународните организации за кои собираат средства е Украинскиот црвен крст (URCS), кој за време на руската агресија помага при евакуација, обезбедува психосоцијална поддршка и прва помош, обезбедува основни хуманитарни материјали, одржува засолништа и помага во реконструкцијата.

Иако на ваквите мечеви резултатот е во втор план, Португалија го победи тимот на светот со 4:1. Головите за победничкиот тим ги постигнаа Паулета, Постига, Фиго и Пепе, додека за светските ѕвезди стрелец беше Мајкл Овен по асистенција на Алесандро дел Пјеро.

Акцијата на натпреварот беше во изведба на Луиш Фиго (52), кој 16 години по завршувањето на кариерата покажа дека неговата класа е вечна. Иако има 52 години, Фиго ја зеде топката на околу 30 метри од голот и започна соло пробив. Помина покрај тројца противници, вклучувајќи го и Марко Матераци, и постигна гол за воодушевување на публиката.

Погодокот на Фиго може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести