Поранешниот хрватски репрезентативец Иван Класниќ успеа да ја добие судската постапка против германските лекари кои направија грешка во дијагнозата и лекувањето. Обвинението беше против долгогодишниот клупски лекар на Вердер, Гетце Димански, како и двете докторки интернисти, а спорот траеше дури 12 години. На крајот, судот донесе одлука дека на Класниќ треба да му бидат исплатени четири милиони евра како отштета.
Класниќ во 2005 година замина на рутинска операција на слепото црево, а како професионален фудбалер двапати беше на лекарски прегледи кај лекарите. против кои беше подигнато обвинението. Во двата случаи тие не забележале дека Класниќ има сериозен здравствен проблем.
Неправилноста во работењето на бубрегот била констатирана дури за време на операцијата на слепото црево, а проценката е дека проблемот со бубрегот датирал уште од 2002 година. Поради тој проблем Класниќ беше принуден прерано да ја заврши играчката кариера, а трансплатацијата на бубрегот му беше успешна дури од третиот обид.
Неговото тело прво ги одби бубрезите на неговиот татко и на неговата мајка, а на крајот успеа да го прифати бубрегот од третиот донатор.