Клиперси се газди во Лос Анџелес, нов трипл-дабл на Јокиќ (Видео)

Клиперси утринава покажаа дека сезонава се подобар тим од Лејкерси и славеа во дербито на Лос Анџелес со 127:116.

Работата на Клиперси беше олеснета со неиграњето на Леброн Џејмс на спротивната страна, водеа во текот на целиот натпревар, а најблиску што Лејкерси успеаја да се приближат беше два поена (110:108). Но, Клиперси направија серија од 8:0, со која ги решија дилемите околу победникот.

 

Кавај Ленард со 25 поени, 11 скока и 10 асистенции беше најдобар кај Клиперси, додека кај Лејкерси најдобар беше Деанџело Расел со 27 поени и 10 асистенции.

Шампионот Денвер нагетс ја оствари третата победа по ред на турнејата на Истокот, а последна жртва е Индијана пејсерс, која е совладана со 114:109. Вообичаено, најзаслужен за победата на Денвер е Никола Јокиќ со трипл-дабл од 31 поен, 13 скока и 10 асистенции.

Оклахома сити тандерс со 111:109, и тоа благодарение на поените на Џејлен Вилијамс на две секунди до крајот, го победи Портланд. Вообичаено, најдобар кај Оклахома сити беше Шеј Гилџес-Александер со 33 поени.

Најефиканскиот натпревар се одигра во Њу Орлеанс, каде што домаќинот Пеликанс со 153:124 ја победи Јута џез.

Резултати: Индијана – Денвер 109:114, Бруклин – Њујорк 103:108, Њу Орлеанс – Јута 153:124, Оклахома сити – Портланд 111:109, ЛА клиперс – ЛА лејкерс 127:116.

- Оглас -

Најнови вести