Клоп беше многу лут: Ова е најнеферскиот меч во мојот живот

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп беше многу лут и разочаран од судењето по поразот на неговиот тим на гостувањето во Лондон од Тотенхем со 2:1. За Ливерпул ова беше прв пораз сезонава во Премиер лигата и тоа поради автоголот постигнат во 90+6 минута кога Матип го совлада Алисон.

Црвените на овој меч завршија со двајца играч помалку откако црвени картони добија Куртис Џонс во 26 минута и Диего Жота во 69 минута. Во првото полувреме при резултат 0:0, Мохамед Салах го проигра Луис Дијас, а овој постигна гол, кој подоцна беше поништен поради офсајд.

Непосредно по завршување на дуелот, англиската судиска организација, ПГМОЛ официјално објави дека Ливерпул бил оштетен бидејќи голот на Дијас бил регуларен и неосновано поништен.

„Во животот немам видено понефер натпревар. Никогаш не сум бил погорд на мојот тим, но и никогаш не сум видел толку ситуации и нефер и луди судиски одлуки. Автоголот беше несреќно постигнат. Ова е тежок удар за нас. Ќе се израдувавме на бодот, но сега го немаме ни него. Нема шанси да било офсајд при голот на Дијас. Лошо ги нацртаа линиите. Го видов тоа на полувремето, некој ми покажа од мобилен телефон“, е реакцијата на Клоп.

- Оглас -

Најнови вести