Клоп доби одговор од Саудиска Арабија: Нема да запреме…

Екипите од Саудиска Арабија направија вистински бум на трансфер-пазарот во летниот преоден рок, не прашуваа за пари и купија голем број фудбалски ѕвезди, поради што го загрижија менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Германецот побара од ФИФА и УЕФА да реагира и да најде начин да ги запре екипите од Саудиска Арабија. Преодниот рок во саудиската Пролига се затвора три недели по тој во Премиер лигата и Клоп стравува дека уште неколку фудбалски ѕвезди ќе се преселат на Блискиот Исток.

Клоп летово остана без тројца фудбалери, капитенот Џордан Хендерсон, Фирмињо и Фабињо, кои се преселија во Саудиска Арабија.

Но, еден од челниците на Саудиска фудбалска лига, Питер Хатон, вели дека тие се решени лигата да биде успешна и квалитетна и екипите ќе продолжат да трошат пари за да ги донесат најдобрите фудбалери на светот.

„Во споротот сум 40 години и никогаш не сум видел толку голем проект и луѓето се решени да успеат. Саудиските екипи веќе неколку години имаат вакви буџети и не гледам дека планираат да успорат“, вели Хатон, кој е член на управниот одбор на саудиската Пролига.

Саудиските екипи летово донесоа неколку големи фудбалски ѕвезди, како Карим Бензема, Н$голо Канте, Ријад Марез, Садио Мане, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Рубен Невеш, а нога повлече Кристијано Роналдо уште во јануари годинава, кога потпиша за Ал-Наср за годишна плата од неверојатни 200 милиони евра.

Хатон смета дека не е лоша работа доколку европскиот фудбал загуби дел од својата моќ.

„Тоа не значи дека Европа нема да биде толку силна во иднина и тоа не мора да биде лоша работа. Напротив, добро е фудбалот да има сила низ целиот свет, а не само во Европа. Кога пристигна Роналдо, преку ноќ емитери  дури од 170 земји сакаа да се договориме за ТВ-правата“, вели Хатон.

- Оглас -

Најнови вести