Клоп добива двe засилувања за дербито на Мерсисајд

Ливерпул во сабота попладне гостува кај соседот Евертон во дербито на петтото коло во Премиер лигата. Добрите вести за англискиот првак се враќањето на Садио Мане и Тијаго Алкантара во составот, кои до неодамна боледуваа од корона-вирус.

И двајцата денес се приклучија на тимскиот тренинг, па Клоп ќе може да ги употреби во дербито против Карамелите, во кое Ливерпул ќе се обиде да се поправи по дебаклот од Астон вила со 7-2.

Исто така во составот треба да се врати и капитенот Џордан Хендерсон, додека Наби Кејта од репрезентативната пауза се врати со позитивен тест и мора да помине десетина дена во изолација.

- Оглас -

Најнови вести