Клоп двапати остана со празни раце, па сега во Ливерпул ќе носи Јапонец

Англискиот премиерлигаш Ливерпул последните неколку дена доживеа два шока, Челзи пред нос му украде две засилувања, Мојсес Каиседо и Ромео Лавија, по што се сврте кон Бундеслигата.

Менаџерот на Црвените, Јирген Клоп, редовно пазари во родната Германија, а овојпат засилување најде во Штутгарт, и тоа во Јапонецот Ватару Ендо.

„Атлетик“ објави дека Ендо веќе добил зелено светло од Штутгарт да замине во Англија на лекарски прегледи, по што ќе потпише договор со Ливерпул.

Црвените кои се во панична потрага по дефанзивен играч во средниот ред, на Штутгарт ќе му платат 19 милиони евра за Јапонецот, кој има 30 години и кој во Бундеслигата пристигна во 2020 година. Ендо во Бундеслигата одигра 99 натпревари, на кои постигна 12 гола.

- Оглас -

Најнови вести