Клоп ги најави одличните вести за Ливерпул: Алисон се враќа на голот порано од очекуваното?

Екипата на Ливерпул на последните три натпревари мораше да настапи без својот прв голман, Алисон, кој поради повреда се предвидуваше дека ќе биде надвор од фудбалските терени до почетокот на следната година.

Сепак, тренерот на “црвените“ на официјалната прес-конференција пред натпреварот со Кристал палас најави дека неговото враќање може да се случи многу порано, дури и на денешниот натпревар од Премиер лигата.

– “Изгледа добро. Уште не знам дали ќе може да игра утре (н.з. денес). Ќе се консултирам со докторите и секако со самиот Алисон.“ – рече Клоп.

Бразилскиот голман, Алисон, заработи повреда на дуелот против Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести