Изненадувачки вести пристигнуваат од Германија и се поврзани со познатиот стратег Јирген Клоп.
Интересно е што од можниот нов ангажман на Клоп нема да биде задоволен само тој, туку и во Манчестер јунајтед, иако германскиот тренер нема да го преземе англискиот гигант.
Клоп и неговиот тим сè уште работат во системот на „Ред Бул“, но според актуелните информации, прашање на време е кога ќе ја напушти својата функција во оваа организација. Во изминатиот период се шпекулираше дека за него е заинтересиран Реал Мадрид, но од таа соработка очигледно нема да има ништо.
Многумина се надеваа дека Клоп ќе се врати на „Енфилд“ и повторно ќе го преземе Ливерпул, клуб со којшто постигна големи успеси. Сепак, англиските медиуми тврдат дека и тоа сценарио е исклучено и дека таквата одлука лично ја донел Клоп.
Според германскиот весник „Билд“, Клоп решил да ги одбие и понудите од Реал Мадрид и од Ливерпул бидејќи е подготвен од налето да ја преземе работата од своите соништа – селектор на репрезентацијата на Германија.
Токму тука доаѓа и врската со радоста во Манчестер. Актуелниот селектор Јулијан Нагелсман би можел да стане нов тренер на Манчестер јунајтед.
Нагелсман има договор со Фудбалската федерација на Германија до крајот на Европското првенство во 2028, но се очекува да ја напушти репрезентацијата по завршувањето на Светското првенство ова лето.
На тој начин би можела конечно да заврши сагата околу новиот ангажман на Јирген Клоп. Од друга страна, тоа отвора ново прашање, кој ќе го предводи Реал Мадрид од следната сезона, додека во Ливерпул речиси сигурно би можел да пристигне Чаби Алонсо.

