Клоп ги одреди фудбалерите со кои ќе атакува на светската круна

Ливерпул нема многу време за одмор по вчерашното шоу на „Енфилд“, во кое го нокаутира градскиот ривал Евертон со 5-2. Европскиот првак има густ распоред во последниот месец од 2019 година, по што Јирген Клоп е принуден да скрои план во пресрет на Светското клупско првенство.

Германецот го објави списокот со фудбалери кои ќе настапат на турнирот во Катар, а на него недостасуваат двајца клучни играчи. Фабињо и Матип се во процес на рехабилитација поради повреди, па затоа Клоп мораше да се послужи со изборот од академијата, па со петмина млади играчи ќе патува во Доха. Европскиот првак во битката за светската круна ќе одигра најмалку два натпревари. Евентуален противник на Црвените во полуфиналето може да биде Монтереј на 18 декември, додека три дена подоцна е предвидено големото финале.

Датумот за полуфиналето му прави големи проблеми на тимот од Мерсисајд бидејќи е само еден ден разлика со закажаната средба против Астон вила во англискиот Лига куп, па затоа два различни состави на Ливерпул ќе одиграат два меча за помалку од 24 часа. 

Список на фудбалери:

Алисон, Ван Дајк, Вајналдум, Ловрен, Милнер, Кеита, Фирмино, Мане, Салах, Гомес, Хендерсон, Адријан, Окслејд-Чембрлен, Лалана, Лонерган, Шаќири, Брустер, Робертсон, Ориги, Јоунс, Александер-Арнолд, Елиот, Вилијамс.

- Оглас -

Најнови вести