29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Клоп го теши трагичарот Алисон: Во многу наврати нè спасувал

Ливерпул со тешкиот пораз во дербито против Манчестер сити забележа негативен рекорд кој не беше виден во Премиер лигата цели 65 години. Актуелниот првак претрпе трет последователен пораз на домашен терен, а како најголем виновник се издвои голманот Алисон Бекер со двата подароци за Граѓаните.

Јирген Клоп и покрај поразот, посочи дека неговата екипа покажа одлична игра која во различна ситуација би била доволна за победа. Клоп го утеши трагичарот Алисон, кој со своите грешки буквално им ја подари победата на Граѓаните.

„Видов доста различни работи во дербито. Едниот тим во дербито влезе со страшна форма со сега веќе 14 победи во низа, додека пак ние очигледно бевме во различна ситуација. На теренот тоа не се почувствува. Во првото полувреме доминиравме, иако многумина се изненадија од тоа. Ние покажавме одлична игра во поголемиот дел од мечот, доколку играме така во следните натпревари сигурен сум дека ќе славиме победи. Двете грешки нè „убија“, но Алисон многупати нè спасувал и не можам да му замерам. Тоа е, се случува“, посочи Клоп.

Лидерот Сити по овој триумф се зацврсти на врвот на табелата во Премиер лигата со 50 бода, дури со 10 повеќе од бранителот на титулата, со тоа што тимот на Гвардиола има и натпревар помалку.

- Оглас -

Најнови вести