Ливерпул не личи на шампион, израмни неславен рекорд стар 65 години

Ливерпул го израмни неславниот рекорд на Челзи од 1956 година со третиот пораз по ред на домашен терен во сезоната во која ја брани титулата во англиското првенство.

Манчестер сити беше убедлив вечерва на „Енфилд роуд“ и го декласира Ливерпул со 4:1, што е трет пораз по ред на актуелниот првак на домашен терен. Претходно бодовите на „Енфилд роуд“ ги освојуваа Барнли и Брајтон со победи од по 1:0, а хет-трик порази дома на Ливерпул последен пат му се случиле во 1963 година.

Досега само Челзи како актуелен првак на Англија следната сезона имал серија од три неуспеси на домашен терен, а тоа му се случи во 1956 година.

Тогаш не успеа да ја одбрани титулата што ја освои во 1955 година, а како што стојат работите, тоа ќе му се повтори и на Ливерпул, кој има 10 бода помалку од Манчестер сити и одигра меч повеќе од лидерот во Премиер лигата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести