Клоп: Мбапе и Санчо се одлични, ама не ми е криво што не сум ги тренирал

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ја остави отворена можноста Ливерпул да ангажира млад играч од светска класа, а се шпекулира дека е заинтересиран за Килијан Мбапе и Џејдон Санчо. Сепак, германскиот стратег ги олади шпекулациите.

„Садио Мане е доволно млад, а и Мо Салах е доволно млад за да биде меѓу лидерите во тимот уште неколку години. Целосно сум задоволен од составот кој го имам во моментов, не размислувам за други. Не сонувам за други играчи, иако во иднина би било добро да земеме некоја ѕвезда ако ни се укаже прилика. Мбапе и Санчо се исклучително добри играчи, сакам да ги гледам, но не ми е проблем што не сум работел со некој од нив“, вели Клоп.

Клоп во Борусија Дортмунд и Ливерпул има работено со големи ѕвезди, па даде интересен одговор на прашањето дали му е желба да ги тренира Меси, Кристијано или Агуеро?

„Зошто ме прашувате само за нив тројца? Каде е Нејмар на листата? Каде е Левандовски? Со Левандовски сум работел, но навистина има голем број добри фудбалери во светот. Мбапе има најсветла иднина и за Санчо можеме да зборуваме исто, тие надоаѓаат“, вели Клоп.

- Оглас -

Најнови вести