Не е возможно што се случува во таборот на Ливерпул. По утврдената тешка повреда на Ван Дајк, коjа го оттргна од терените до крајот на сезоната, на болки се пожалил и вториот централен дефанзивец Жоел Матип.
Камерунецот му зададе нови главоболки на Јирген Клоп откако Матип вчера морал да оди на дополнителни прегледи, а во ремито против Еверtон играл со болки.
Според одредени англиски медиуми, не се работи за сериозна повреда, но Клоп до среда има рок да размисли дали ќе го пушти Матип во дуелот против Ајакс од првото коло во Лигата на шампионите.
Здрав стопер е само Џо Гомес, додека во неколку наврати сезонава Фабињо играше на позицијата централен одбранбен.
https://twitter.com/LFC_Ben66/status/1318136727198990338
Инаку, за гостувањето во Ајакс, Клоп нема да смета уште на Тијаго Алкантара, кој се здоби со ситна повреда по мечот со Евертон, во кој најмногу страдаше Ван Дајк.