Тијаго помина многу подобро од Ван Дајк, ќе пропушти само еден меч

За разлика од Вирџил ван Дајк, кој нема да се врати на терените до крајот на сезоната, Тијаго Алкантара помина многу подобро и ќе го пропушти само првото коло од Лигата на шампионите, во кое Ливерпул во среда гостува кај Ајакс.

Тијаго се здоби со болки во ногата по еден опасен старт на Ричарлисон, кој со отворена копачка го удри фудбалерот на Црвените. За тој старт, офанзивецот на Евертон беше исклучен од средата, а добро е што не му нанесе поголема штета на новиот играч на англискиот првак.

Доволно голем проблем за Клоп е тешката повреда на Ван Дајк, ќе беше премногу ако го загубеше Тијаго на подолг период.

- Оглас -

Најнови вести