23.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Клоп објасни дека моментот на мечот против Манчестер беше во минутата кога не беше постигнат ниту еден од головите

Ливерпул без никакви проблеми со 4:0 го победи Манчестер јунајтед во дуел на двата најтрофејни клуба во англискиот фудбал. Домаќинот на „Енфилд роуд“ уште по пет минути го скрши отпорот на противникот и поведе со 1:0, а веќе во 22-рата минута беше 2:0. Во второто полувреме, Ливерпул постигна уште два гола и на крајот стигна до сигурна победа.

Тренерот Јирген Клоп беше задоволен од играта и од триумфот, но потенцираше еден момент на мечот во кој немаше погодок. Се работи за седмата минута, кога сите навивачи на „Енфилд роуд“ со аплауз и песна испратија порака за поддршка на Кристијано Роналдо, кој завчера имаше семејна трагедија.

„Одигравме одличен натпревар, а моментот на мечот се случи во седмата минута, кога целиот стадион покажа невиден респект. Има толку многу работи во животот кои се поважни од фудбалот. Навистина сочувствуваме со Кристијано Роналдо и неговото семејство“, рече Клоп по синоќешниот триумф на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести