22.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Клоп објасни како се чувствува по ремито со Брајтон

Ливерпул загуби два важни бода во трката за првото место во Премиер лигата, откако одигра само 2:2 против Брајтон на „Енфиод Роуд“. Ремито е уште поизненадувачки, ако се знае дека фаворитот имаше водство од 2:0, но на крајот освои само еден бод.

Тренерот на домаќините, Јирген Клоп беше разочаран, а вели дека моментот наместо да биде 3:0, гостите постигнале гол за 2:1 и потоа работите тргнале во лоша насока за неговиот тим.

„Се чувствувам како кога ќе загубиме меч. Не само затоа што водевме со 2:0, туку и затоа што дадовме и трет гол, но поради несреќното играње со рака на Мане, тој беше поништен. Во второто полувреме не игравме како што посакувавме. Гестикулациите на движењата на нашите фудбалери тоа го покажа. Можеше да биде 3:0, но во еден момент дојде 2:1 и потоа ја загубивме контролата на играта“, рече разочараниот Клоп.

- Оглас -

Најнови вести