Клоп очекува со здрав Фабињо да го дочека дербито против Сити

Ливерпул попладнево гостува кај Вест хем во обид да продолжи во победнички ритам по триумфот на гости против Тотенхем. За овој меч Јирген Клоп нема да смета на Фабињо, кој не беше во конкуренција за настап против Петлите, а нема да биде во составот ниту за мечот против Брајтон за четири дена.

Сепак, германскиот стратег се надева дека клучниот играч ќе му се врати идната недела, кога актуелниот англиски првак ќе го пречека моменталниот лидер во Премиер лигата, Манчестер сити.

„Минималните повреди во денешно време значат неиграње до три натпревари. Може да биде и повеќе, но јас се надевам дека Фабињо ќе биде здрав за мечот против Сити“, посочи Клоп.

Познато е дека Црвените се мачат со повреди во одбраната, пред сè отсуството на Ван Дајк, додека Матип не може да игра во континуитет. Фабињо речиси цела сезона е приморан да игра стопер, па затоа на Клоп му е важно Бразилецот да закрепне до 7 февруари, кога Граѓаните ќе гостуваат на „Енфилд“.

- Оглас -

Најнови вести