26.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Клоп откри каде ќе ги гледа младите на Ливерпул против Шрусбери

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, нема да присуствува на преигрувањето на мечот од четвртото коло во ФА купот против Шрусбери, но сепак ќе го гледа натпреварот, и тоа на лаптоп. Ливерпул вечерва ќе настапи со фудбалери од тимот до 23 години, а на клупата ќе седи тренерот Нил Кричли. Првиот меч заврши 2-2, па вечерва е преигрувањето.

Главните играчи на Ливерпул и нивниот тренер се на зимски распуст, потребен им е одмор, па во ФА купот Црвените решија да ризикуваат и на терен да го испратат младиот тим. Во Англија некои го критикуваа Клоп, велат дека со ова го потценува и не го почитува ФА купот. Младиот тим на Ливерпул беше разбиен од Астон вила со 0-5 во Карабао купот, но сега ќе игра дома и против послаб противник, па можеби ќе победат и ќе се пласираат во следната рунда, каде што ги чека Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести