Сагата околу трансферот на хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол во Манчестер сити никако да заврши, а денеска доби нов заплет бидејќи во трката за потписот со дефанзивецот планира да се вклучи Ливерпул.
Преговорите меѓу Ред Бул Лајпциг и Манчестер сити траат неколку недели и никако да се договорат, германскиот тим не отстапува од барањето отштетата да изнесува 100 милиони евра, додека Граѓаните нудат само 90 милиони.
Застојот во преговорите сака да го искористи менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој смета дека му е потребно ново засилување во одбраната и изборот падна токму на Гвардиол.
Тој ја убедил управата на Црвените со сите сили да тргне по потписот со Хрватот. Интересно е што дури ниту самиот Гвардиол нема ништо против идејата да се пресели во Ливерпул иако веќе ги договори личните услови со Манчестер сити.