Клоп подготвува чистка во Ливерпул

Без разлика дали оваа сезона во Премиер лигата ќе заврши, односно дали ќе се доигра бидејќи е во прекин поради коронавирусот, Јирген Клоп веќе скрои план за летниот преоден рок. Планот не е за нови ангажмани, туку ослободување место во тимот, а дури за шестмина играчи на Црвените ќе нема место во соблекувалната на „Енфилд“.

Играчите кои ќе ги напуштат редовите на европскиот првак се Дејан Ловрен, Наби Кеита, Дивок Ориги, Ѓердан Шакири, Лорис Кариус и Нејтан Клајн. Споменатите фудбалери во главно добиваат шанса од клупата, но изненадувањето е Кеита, играчот за кого беа потрошени околу 60 милиони евра, но очигледно не игра на ниво какво се очекуваше.

Клајн веќе извесно време е отпишан бидејќи неколку години се справува со тешки повреди, истото важи и за Кариус кој ја игра втората сезона како позајмен во Бешикташ. Ловрен, Ориги и Шакири играат од време на време, меѓутоа Клоп смета дека потребни му се поквалитетни резервни играчи.

Од претходно се знае дека Адам Лалана ќе си замине од Ливепрул откако ќе му истече договорот во јуни.

- Оглас -

Најнови вести