15.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Клоп после заминување од Ливерпул ја добива работата од соништата?!

Германскиот тренер на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, веќе најави дека на крајот на сезона си оди од Енфилд и ќе прави пауза од една сезона. Голем број на германски навивачи би сакале да го видат како селектор на нивната репрезентација, и тоа уште на Европското првенство на кое ќе бидат домаќини, но Клоп одби и останува на тоа што го најави.

Нагелсман останува селектор на континенталниот собир во Германија, но поранешниот репрезенаттивец на „панцирите“, Дитмар Хаман, вели дека токму Клоп е идеалното решение за селектор од следната година и предводник кој треба да ја води Германија на Светското првенство во 2026-тата година.

– „Ако Клоп сака да ја преземе репрезентацијата, треба да најдеме привремено решение. Во тој случај нема подобра опција од Вагнер и Волф.“ – вели Хаман.

Планот на германците е после Европското првенство, како привремено решение да биде помошникот на Нагелсман, Сандро Вагнер, кој треба да ја води Германија на натпреварите од Лигата на нации, а Клоп од 2025-тата да ја преземе селекцијата.

- Оглас -

Најнови вести