Клоп стравува дека сопствениците на Ливерпул ќе ја прифатат мегапонудата за Салах

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е свесен дека тој нема можност да влијае врз ситуацијата околу можниот трансфер на Мохамед Салах во Саудиска Арабија.

Весникот „Мирор“ пишува дека Клоп стравува дека сопствениците на Ливерпул ќе ја прифатат понудата која ја подготвуваат Саудијците во висина од 200 милиони фунти (233 милиони евра). Според весникот, сопствениците на Ливерпул сметаат дека ваквата понуда е премногу добра за да се одбие.

„Кога ќе погледнете дека Хари Кејн беше продаден за околу 100 милиони фунти, а е една или две години помлад од Салах, но имаше една година од договорот со Тотенхем. Салах пак има две години од договорот со Ливерпул, кој не сака да го продаде по неговата реална вредност, туку сака повеќе од тоа“, изјави поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер.

Салах е цел на Ал-Итихад, чија прва понуда од 150 милиони фунти беше одбиена.

- Оглас -

Најнови вести