Клоп замената за капитенот ја најде во ПСЖ

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, започна потрага по засилување во средниот ред откако капитенот Џордан Хендерсон се пресели во Саудиска Арабија, во Ал-Итифак, и прва станица му е ПСЖ.

Англиските медиуми пишуваат дека Клоп подготвува понуда за италијанскиот репрезентативец Марко Верати.

На Верати му е дозволено да си замине од ПСЖ во случај да пристигне добра понуда иако има уште три години од актуелниот договор.

Освен Ливерпул, и Атлетико Мадрид е заинтересиран за Верати кој за 11 сезони поминати во ПСЖ одигра 416 натпревари и постигна 11 гола.

Клоп смета дека Верати е идеална замена за Хендерсон како и за Фабињо, кој се наоѓа пред трансфер во Саудиска Арабија, а на трансфер-листата е ставен и Тијаго Алкантара. Досега единствено засилување во средниот ред за Ливепрул е Аргентинецот Алексис Мекалистер кој дојде до Брајтон.

- Оглас -

Најнови вести