Клоп згрме против ВАР системот и судијата Аткинсон

Ливерпул веќе не е перфектен во англиското првенство. Во дербито на „Олд Трафорд“, лидерот одигра 1:1 против Манчестер јунајтед и сега има 25 од можните 27 бода, што сепак го прави со комотна предност пред останатите ривали.

По средбата, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп анализираше тоа што се случуваше на теренот, а главната забелешка му беше кон ВАР системот и судијата Мартин Аткинсон. Во првото полувреме, Манчестер даде гол кој по преглед на ВАР системот беше признат, а неколку минути подоцна беше поништен погодокот на Садио Мане, откако тоа го сигнализираше ВАР технологијата.

„За голот на Манчестер, господинот Аткинсон дозволи акцијата да продолжи, бидејќи правилото тоа го вели. Потоа со помош на ВАР системот се виде дека имало контакт и фаул за нас, но судијата тоа не го сигнализираше и тоа воопшто не е добро. Потоа ние дадовме гол кој беше поништен. Едноставно многу работи одеа против нас на овој натпревар, а на крајот сепак успеавме да освоиме бод“, рече Клоп.

- Оглас -

Најнови вести