Лалана потсети дека не треба да го забораваат (Видео)

Манчестер јунајтед и Ливерпул одиграа 1-1 во дербито на Премиерлигата, а бодот на гостите им го донесе резервата Адам Лалана со гол во финишот. Лалана повеќе од две години немаше дадено гол, но овојпат го спаси тимот од пораз.

Јунајтед дома нема загубено лигашки меч на кој водел по првото полувреме, уште од далечната 1984 година против Ипсвич. Ова е седми меч по ред на „Олд Трафорд“ на кој Ливерпул не може да победи. „Црвените“ не славеле на овој стадион уште од март 2014 година, па треба да бидат задоволни и со бодот, иако според иницијативата, можеа да дојдат и до три.

Не е лесно да се гостува на „Олд Трафорд“. Во 2005 година, Челзи со Мурињо на клупата, дојде таму после серија од 10 победи и нерешено во првите 11 кола од Премиерлигата, а загуби од Јунајтед со 0-1, со гол на Флечер.

Рашфорд го донесе во водство домашниот тим и докажа дека е човек за дербија. Тој во кариерата има дадено 31 гол во Премиерлигата, од тие 11 му се во дербијата со шесте најголеми клубови, а трети пат погодува против Ливерпул.

Проблем за европскиот првак беше неиграњето на Мохамед Салах, но сезонава Ливерпул еднаш (против Наполи во ЛШ) не успеа да даде гол и со Египќанецот во составот, а вечерва успеа без „фараонот“ да го совлада Де Хеа. Сега „црвените“ имаат шест бода плус во однос на Манчестер сити.

Ова е израмнувачкиот гол на Ливерпул во 85-та минута:

- Оглас -

Најнови вести