Клубот формиран пред повеќе од еден век испиша историја и прв пат ќе игра во Супер лигата

Историски успех испиша екипата на Ејупспор, откако обезбеди место во турската Суперлига. Клубот кој е со седиште во Истанбул, денеска славеше против Алтај со 4:1 и тоа беше доволно за клубот да стигне до елитното друштво.

На пет кола до крајот, Ејупспор има 67 бодови, дури 17 повеќе од третопласираниот Сакарјаспор. Од втората турска лига во елитата директно влегуваат првите две од табелата.

Ејупспор е формиран во далечната 1919 година и е од областа Ејуп во Истанбул. Од 2015 до 2021 година играше во Трета лига, а потоа за прв пат заигра во Втора лига. По две години поминати во Втора лига, тимот сезонава игра блескаво и веќе си обезбеди месот во елитната лига. Тренер на овој тим е легендарниот турски репрезентативец Арда Туран.

https://twitter.com/i/status/1776992737650221131

- Оглас -

Најнови вести