Кошаркарскиот клуб Баскет Дино Деликатес од Кочани вечерва го одигра првиот од двата преостанати меча во Третата лига, гостуваше кај Шкупи, а средбата беше и од хуманитарен тип, се донираа пари за помош на семејствата на настраданите во Кочани.
Баскет Дино најсилно го погоди трагедијата во дискотеката „Пулс“ бидејќи таму животот го загуби нивниот член Петар Ивановски, момче родено 2004 година, кој беше една од 59-те жртви.
Баскет Дино победи со 81-65, а пред мечот имаше едноминутен молк и двата тима се фотографираа заедно облечени во црни маички.