Клубот Кордоба објави видео на кое се гледа во каква состојба е сватот на Цеца (Видео)

Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ, е во добра состојба и тој се врати во Кордоба со остатокот од екипата после гостувањето кај Мелиља, иако денеска на кратко колабираше на терен.

Гудељ (брат на репрезентативецот Немања Гудељ кој игра за Севилја) од порано има срцеви проблеми, игра со дефибрилатор, а за среќа мина без посериозни последици, иако делуваше страшно неговото ненадејно паѓање на терен и дезориентација откако проба да се исправи на нозе.

Клубот Кордоба објави видео како тимот го напушта хотелот, а на снимката е и Гудељ кој разговара на телефон, што докажува дека тој е пуштен од болница.

- Оглас -

Најнови вести