Клубот му даде отказ на тренер, и тоа додека тој во болница се бореше за живот
Не баш хумана постапка на клубот од Сицилија.

Италијанскиот четвртолигаш ФК Месина, одлучи на својот тренер Пино Риголи да му даде отказ и тоа на необичен и нехуман начин. Риголи лошата вест ја добил по телефон, и тоа додека лежел во болница каде се борел со компликации од коронавирусот.
Риголи не го водеше тимот на последните пет меча. Месина е на трето место во групата И од Серија Д, со две средби помалку и пет бода заостанување зад лидерот, кој им е градски ривал. Пред три дена, Месина загуби од Ачиреале кој истотака им е директен конкурент за напредок во битката за пласман во ранг погоре.
Еден од директорите на сицилијанскиот клуб му се јавил на тренерот, и го информирал дека веќе не е тренер, а ваквиот начин на давање отказ предизвика многу полемики во Италија. Позитивно е што Риголи ја доби битката и се чувствува подобро, а тоа е најважно во овој момент.