Клубот на Бекам сам да бираше, немаше да добие вакви ривали за почеток

Новата, 25-та сезона во фудбалската МЛС-лига во САД и Канада ќе почне на 29 февруари со осум натпревари, а сите очекуваа да видат каде ќе дебитира новиот клуб, амбициозниот Интер од Мајами, кој е во сопственост на Дејвид Бекам.

На 1 март ФК Лос Анџелес, предводен од Карлос Вела, ќе го пречека Интер, а другиот нов клуб во лигата, Нешвил, игра дома со Атланта јунајтед на 29 февруари. Првиот домашен меч на Интер ќе биде на 14 март, и тоа против популарниот Галакси од Лос Анџелес. Овој меч ќе се игра на стадионот во Форт Лодердејл, кој има капацитет од 19.000 гледачи. По неколку сезони, Интер ќе почне да игра на арената во Мајами, која ќе има 26.000 седишта.

Заминувањето од лигата на ѕвезди како Златан Ибрахимовиќ и Вејн Руни треба да биде надоместено со млади играчи и нови клубови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести