34.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Беше хит во Лига на шампиони, има најмногу трофеи во домашното првенство, а сега е пред бездната

Пред 17 години, на европската фудбалска сцена како хит екипа се појави белорускиот тим на БАТЕ Борисов. Во сезоната 2007/2008, БАТЕ за прв пат во историјата се квалификуваше во групната фаза од Лигата на шампионите. Тогаш, никој не можеше да замисли дека тоа ќе биде одлична ера за белорускиот клуб, кој ќе учествува во групната фаза од Лигата на шампионите уште четири пати во следните сезони.

Покрај тоа, тие играа и во групните фази од Лигата на Европа. Цели 15 години, БАТЕ Борисов беше главен адут на Белорусија во Европа. Сепак, во последните три сезони клубот се најде во многу тешка ситуација.

Тие не успеаја да се квалификуваат во европските натпреварувања две сезони, а веројатно нема ни трета сезона по ред, бидејќи во моментов се борат за опстанок меѓу најдобрите во Белорусија.

БАТЕ моментално е на 12-то место во првенството со 14 бода, три повеќе од Слуцк, кој е во зоната за испаѓање. Славниот белируски клуб вчера претрпе уште еден сериозен удар, откако на свој терен загуби убедливо со 5-1 од Витебск. Во последните пет натпревари од домашното првенство, БАТЕ има два нерешени и три порази.

Ситуацијата во клубот е многу тешка, а белоруските медиуми претходно пишуваа дека доцнат со исплатата на своите играчи. Клубот не успеа да се квалификува за Европа две сезони по ред, што влијаеше и на финансиската структура на клубот.

Петтото, а потоа и осмото место во првенството е показател дека најтрофејниот белоруски клуб е во голем пад во последните две години.

БАТЕ Борисов е шампион на Белорусија 15 пати, а пет пати победник на Купот на оваа земја, додека осум пати го освоија Суперкупот. Суперкупот освоен во 2022 година е последниот трофеј на БАТЕ Борисов.

Последниот настап во Европа го имаа во сезоната 2023/2024, кога беа сопрени во плејофот за Конференциската лига од шампионот на Косово, Балкани.

БАТЕ има и модерен фудбалски дом, „Борисов Арена“, со капацитет од 13.126 седишта. Сепак, клубот моментално е во тешка ситуација, а многумина се надеваат дека наскоро ќе се опорави. Првата цел е да се опстане во белоруската Премиер лига, а потоа да се обиде да се стабилизира клубот.

Сегашната ситуација сугерира дека БАТЕ Борисов е блиску до бездна и на резултатско и на организациско поле, што секако е удар за белорускиот клупски фудбал.

- Оглас -

Најнови вести