Клубови за кои веројатно не сте ни чуле на тетовец му донесоа огромна добивка, погодени 18 фикса

Викендов беше особено плоден за тројца обложувачи кои своите уплати во објекти на Sport Life ги претворија во многукратно поголеми добивки.

Шампион за викендов е тетовец, кој со 20 денари има добитен тикет со бруто-добивка од 213.963 денари. На тикетот се 18 пара од фудбалски мечеви играни во саботата со почеток во периодот од 12 до 14 часот, а од нив на 17 е типувана победа на домашните и само една двојка.

Тоа се дуели на анонимни екипи за мнозинството и само обложувачки фанатици може да се пофалат дека ги следат. Се потврди дека и со играње на мечеви од азиските лиги и од пониските европски ешалони може да се дојде до супер добивка. Квотите на 18-те меча се движат од 1.46 до 1.87 и, за среќа на обложувачот, беа погодени сите исходи.

ГОЛ ОД ПЕНАЛ ВО 88-МАТА МИНУТА ДОНЕСЕ ГОЛЕМА ДОБИВКА ВО СКОПЈЕ

Во уплатното место на Sport Life во трговскиот центар „Беверли Хилс“ во Скопје, еден тикет со влог 300 денари има бруто-добивка од 129.793 денари.

Погодени се седум фудбалски натпревари играни во саботата вечерта, и тоа станува збор за прогнозирани комбинации од игри каде што се вклучени и голови. За да биде тикетот добитен, се погрижи Лил со гол на критичниот меч против Нант, и тоа во 88-мата минута од пенал.

ГОСТИВАРЕЦ ДОБИТЕН УШТЕ ПО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА 

Само пет точно прогнозирани натпревари од англиската Премиер лига на обложувач кој уплатил во Sport Life во Гостивар му донесоа голема добивка, и тоа уште по првото полувреме на петте меча кои ги играл во неделата.

Уплатата е 200 денари, а бруто-добивката 84.305 денари. Погодени се голеади во првите полувремиња од последното коло во англиската елита, квотите се привлечни и тоа му донесе одлична добивка.

- Оглас -

Најнови вести